Економија 22. јануари 2021. / 14:33

(ВИДЕО) Со зголемената акциза годнава државата собрала во Буџетот 35 милиони евра од граѓаните

(ВИДЕО) Со зголемената акциза годнава државата собрала во Буџетот 35 милиони евра од граѓаните

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска изврши усогласување на Одлуката од 18.01.2021 година со која се утврдени највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт со Законот за акцизи. Со повисока акциза која од вечерва престанува да важи, само оваа година граѓаните имаат платено 35 милиони евра кој завршиле во Буџетот на РМ.

Пратеникот Пренџов ова тврдење го изнесе во гостувањето на Радио Лидер каде изнесе податоци дека во земјава има 33,237 товарни автомобили, од кои на нафта се 25,522, алудирајќи на тоа колку многу е значајна акцизата на нафтените деривати.

– Со повисоката акциза на дизелот во евра само за оваа година 3.8 милиони евра повеќе ги имаат наплатено граѓаните, нафтено ложење 2.1 милиони евра, мазут 5.5 милиони евра и некаде околу 12.4 милиони евра вкупни трошоци само за транспорт. Без земјоделие, без приватна потрошувачка, изјави Пренџов.

Пратенкот од ГРОМ заврши со ексклузивна информација колку пари се земени од народот преку овие акцизи.

– Моите претпоставки се дека имаат земено 35 милиони евра од нашиот народ само по основ на покачување на акцизи. Прво го покачија дизелот 3 и пол денари, а сега, во месец април го покачија дизелот за 2 и пол денари. Тоа некој го плаќа, а тоа е народот, потенцира Пренџов.

Тој потсети дека во 2018-та година тогашниот министер за финансии, Драган Тевдовски, за 3 и пол денари ја зголеми цената на дизелот, а сега уште за 2 и пол денари ја зголемија цената на дизелот. Додаде дека на овие цени се плаќа и ДДВ, па така ние сега плаќаме над 50 денари нафта и бензин.

– Ние како држава, ако основниот реагенс, основната енергија – струјата ја качуваме 7 отсто, за 20 отсто ги качуваме нафтените деривати и бензинот, така автоматски ги правиме нашите компании да бидат неконкурентни, вели пратеникот од ГРОМ, Љупчо Пренџов.