Економија 03. ноември 2019. / 16:28

(ВИДЕО) Славевски: Со „Мој ДДВ“ пари се враќаат кај побогатите граѓани

(ВИДЕО) Славевски: Со „Мој ДДВ“ пари се враќаат кај побогатите граѓани

Мерката „Мој ДДВ„ да се укине, а со тие пари од буџетот да се обештетат граѓаните кои платиле повисок данок со воведувањето на прогресивното оданочување што владата деновиве го замрзна. Ова е барањето на ВМРО-ДПМНЕ, кое денеска го образложи поранешниот министер за финансии, Трајко Славевски.

– За да нема негативни ефекти во буџетот предлагаме веднаш да се укине мерката МОЈ ДДВ со која што и така пари се враќаат кај побогатите граѓани, оние кои што имаат повеќе да трошат, изјави Славевски.

Тој вели дека со непромисленото зголемување (прогресивното оданоување) на даноците најмалку се удри по богатите граѓани како што сега се гледа, како што беше прокламирано, туку цехот го платија посиромашните граѓани“.

Славевски вели дека прогресивното оданочување треба целосно да се укина а не само да се одложи до 2023 година и дека „СДСМ мора да ги обештети граѓаните кои платиле повисоки даноци од воведувањето на прогресивниот данок“.