Економија 13. февруари 2021. / 15:19

(ВИДЕО) Шахпаска: Неважно е дали кожнена јакна ќе купите во сабота или недела

(ВИДЕО) Шахпаска: Неважно е дали кожнена јакна ќе купите во сабота или недела

Навиките за пазарување треба да се променат и неважно е дали некој ќе пазарува во сабота или некој друг ден и неработната недела нема да ги загрози работните места, тврди Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска околу Законот што треба да ја гарантира неработната недела.

– Шопинг центрите и маркетите според неа нема да имаат загуба ако бидат затворени в недела а тоа за работниците ќе значи повеќе време што треба да го минуваат со семејството, вели Шахпаска.