Утрово лидерот на синдикалците, Благоја Ралповски гостуваше во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер. Со него се дискутираше и на една од најактуелните теми овој период, а тоа е дали недела треба да биде неработен ден.
– Недела неработен ден е злоупотреба на работничките права за популистички цели на оваа власт, вели Ралповски на утрешното гостување на Радио Лидер.
Тој вели дека и тие бараат секој да биде барем еднаш во месецот со фамилијата, но дека оние кои работат ќе мора да бидат повеќе платени.
– Неделата е неработен ден. Секој оној кој ќе работи во недела да биде платен со додатна дневница зголемена за најмалку 50 проценти, вели Ралповски за Радио Лидер.
Тој додава дека дејности како полиција, здравство и други дејности мора да работат во недела.