Економија 01. февруари 2021. / 11:31

(ВИДЕО) Македонија е на дното по странски инвестиции во регионот

(ВИДЕО) Македонија е на дното по странски инвестиции во регионот

Денеска во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер гостуваше Гордана Димитриеска Кочоска со која се зборуваше на повеќе теми, а акцент се стави на странските директни инвестиции. Според нејзе, Македонија е на дното по странски инвестиции во регионот.

– Ако тргнеме по странските директни инвестиции никаде сме некаде на дното од земјите од Балканот. Во периодот од јануари до септември странските инвестиции биле само 119 милиони евра или тоа се 58 евра по глава на жител, а Србија имала многу повеќе од нас над 1 милијарда евра односно 255 евра по глава на жител. Тоа е некаде 5 пати повеќе од нас, вели Димитриеска Кочоска за Радио Лидер.

Кочоска вели дека сите земји од регионот, набројувајќи ги Србија, Албанија и Бугарија.

– Странските инвестиции во минатото доаѓаа кај нас, а сега своите инвестиции ги отвараат во соседна Србија, завршува таа.