Економија 22. јануари 2021. / 09:57

(ВИДЕО) Димовски: Секогаш кога СДСМ е на власт земјоделството трпело негативни последици

(ВИДЕО) Димовски: Секогаш кога СДСМ е на власт земјоделството трпело негативни последици

Утрово гостин во емисијата „Утро со Златев“ беше претседателот на СПМ, Љупчо Димовски. Тој е поранешен министер за земјоделство, па затоа со него новинарот Златев детално зборуваше на темата земјоделство. Тој потенцираше дека сумата за која се ограбени тутунопроизводителите е 18 милиони евра.

– Земјоделството претходните четири години го доживува најмрачниот период. Мора да напоменам, Секогаш кога СДСМ е на власт македонското земјоделство трпело сериозни негативни последици. Од расформирањето на големите земјоделски индустриски комбинати, дел од нив приватизирани и период кога во буквална смисла е потценет земјоделскиот труд, рече поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Димовски.

Тој вели дека за само четири месеци имаме земјоделски производи кои се продаваат по исклучително ниски цени. Како пример го дава грозјето се продава по 2 денари, а според него тоа е крајно понижување. Додава дека оризот нема ни цена повеќе, нема ни откуп.

– Во моментов тутунопроизводителите се ограбени за 18 милиони евра. Толку е вредноста која тутунопроизводителите ја губат. Понижувачка е цената од 154 до 157 денари која тутунарите за добиваат за откуп, додаде Димовски за Радио Лидер.