Вкупно 245 фирми ја злоупотребиле државната помош и уште не ја исплатиле ноемвриската плата на близу 800 вработени. Од УЈП информираат дека првичната бројка на компнии кои го злоупотребиле системот со ноемвриските исплати била близу 600. Но, по нивните опомени дел ги исплатиле платите. Најголем дел од компаниите се од трговијата на мало.
– За овие 245 работодавци изготвени се опомени за неисплатена плата, а ако не ја исплатат во рок од една седмица ќе следи присилна наплата на плата со блокада на нивната сметка и пренос на трансакциските сметки невработените лица. Во ноември 351 работодавец исплатиле плата по опомената на УЈП, истакна Лукаревска.
125 фирми уште не ги исплатиле платите за април мај и јуни иако добиле државна помош. Управата поднела податоци за нив во ЈО за да одговараат кривично.
Брзи контроли за овие злоупотреби, откриле дека овие компании имаат и други прекршувања на законот. Една таква контрола на целна група од десетина компании покажала дека тие не само што не им исплатиле плати на вработените од државната помош, туку тие и претходно во континуитет не исплаќале плати. Лукаревска рече дека се работи за фирми со 1 до 5 вработени, главно фамилјарни бизниси.
Државна помош за исплата на ноемвриската плата добија 13 000 фирми. Државата им исплати околу 16, 7 милиони евра. Следната контрола за тоа кој не исплатил плата, а зел државна помош ќе биде направена во понеделник.
Во продолжение ви го претставуваме прилогот на „Сител“ со видео.