Економија 05. ноември 2019. / 15:22

Весникот Независен од утре нема да се печати

Весникот Независен од утре нема да се печати

По скоро две години постоење, „Независен весник“ утре нема да излезе во печатена форма.

На вработените им било кажано дека утрешниот број нема да излезе поради долг кон печатницата, но не им било речено дека весникот згаснува.

Информацијата до новинарите денеска ја пренел управителот на фирмата. Тие го очекувале да се појави и сопственикот на весникот за да им соопшти што ќе се случува со медиумот, но до поладнево тој не се појавил во редакцијата.

Првиот број на весникот излезе на 27 ноември 2017 година.