Револт во Сојузот на стопански комори од исклучувањето на програмите од страна на кабелските оператори кои наместо да протестираат пред инситуциите за пропис, кој наводно им е наметнат или да преговараат, ги оштетуваат граѓаните и фирмите.
Вакво скандалозно однесување не е забележано никаде, да се исклучува програма за која постојат уредно потпишани договори и за кои имате обрска за испорака на услуга кон компаниите и граѓаните. Бараме појаснување, според кој член од договорите сметате дека без прашање и без писмено прифаќање од страна на корисниците, ќе ги обештетувате со некој денар намалена претплата, а не со соодветна отштета за прекршување на договорите, реагира Сојузот на стопански комори.