Економија 17. декември 2018. / 22:12

Узунов: Останува кај граѓаните едно чувство на незадоволство од економските резултати

Узунов: Останува кај граѓаните едно чувство на незадоволство од економските резултати

На денешната емисија на ТВ 24 „Тренд Анализа“  во која се зборуваше за економската состојба на Македонија  гостуваа поранешниот министер и универзитетски професор Трајко Славески и Ванчо Узунов актуелен советник во Владата на Зоран Заев за економија.

На новинарско прашање каква е состојбата на економијата за 2018 година и дали се исполнети очекувањата кои ги вети Владата Узунов кажа дека се уште останува чувството на незадоволство кај граѓаните од економската политика и резултатите.

-Перформансите се подобрени особено на приватниот сектор, многу повеќе е влијанието на приватниот сектор во формирањето на БДП но останува кај граѓаните едно чувство на незадоволство , очекувањата  не се  баш остварени  рече Узунов.

Узунов истакна дека при промена на власта  очекувањата биле премногу напумпани односно потенцираше дека  може повеќе и треба да се направи повеќе во делот на економијата.