Економија 29. декември 2019. / 09:10

Утре ќе има пензии за граѓаните што добиваат пари преку Еуростандард банка

Утре ќе има пензии за граѓаните што добиваат пари преку Еуростандард банка

Граѓаните што примаат пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување преку Еуростандард банка ќе добијат исплата на пензиите утре, 30 декември.

– Оние пензионери кои својата пензија ја примаат на трансакциска сметка ќе може да ја подигнат на мрежата на банкомати и експозитури на Банката, додека, пак, оние кои ја добиваат во својот дом, ќе им биде врачена исто така на 30 декември – соопштија од банката.