Економија 25. јуни 2020. / 12:41

Укинувањето било неуставно: Уставниот суд ги врати паричните паушали и надоместоци за функционерите

Укинувањето било неуставно: Уставниот суд ги врати паричните паушали и надоместоци за функционерите

Уставниот суд ја поништи Уредбата со законска сила за ограничување на правото на исплата на паушалите и паричните надоместоци на претседателите и членовите на одборите на директори, претседателите и членовите на управни и надзорни одбори, претседатели и членови на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од државната и локалната власт и претседателите и членовите на советите на единиците на локалната самоуправа за време на вонредната состојба.

Тоа значи дека судот оценил дека оваа уредба е неуставна и дека на сите кои им биле ограничени овие надоместоци за време на вонредната состојба ќе треба да им се исплатат.

Претходно Судот  ја поништи и  уредбата, според која обвинителите, судиите, пратениците, како и другите избрани и именувани функционери требаше да земаат плата од 14.500 за април и мај. И покрај кризата која ја предизвика новиот вирус, сепак судиите и функционерите земаа цела плата.