Економија 21. ноември 2019. / 14:00

УЈП за „Мој ДДВ“: Проверете дали ви е точно внесена трансакциската сметка следи исплата

УЈП за „Мој ДДВ“: Проверете дали ви е точно внесена трансакциската сметка следи исплата

Од Уравата за јавни приходи информираат дека граѓаните кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“ за враќање на данокот, дека треба да ја проверат дали е точна внесената трансакциска сметка, со цел во следниот месец да се изврши најавената исплата.

УЈП во декември 2019 година ќе изврши враќање на 15% од платениот ДДВ на трансакциска сметка на граѓаните-корисници на апликацијата „МојДДВ“. За таа цел, за да може да се изврши точно и непречено враќање на данокот, ги повикуваме граѓаните кои се корисници на апликацијата „МојДДВ“, да извршат проверка на внесените податоци за трансакциска сметка или доколку не е внесена истата да ја внесат во апликацијата „МојДДВ“ за да им се изврши враќањето на данокот, велат од УЈП.