Економија 06. март 2019. / 17:21

УЈП: Временски ќе се ограничуваат сторнирањата на фискалните сметки

УЈП: Временски ќе се ограничуваат сторнирањата на фискалните сметки

Управата за јавни приходи временски го ограничува сторнирањето фискални сметки за угостителските објекти и обложувалниците. Законските измени дозволуваат само 15 минути за поништување, а обврзувачки е кон сторнираната да се приложи и првичната фискална сметка.

Од УЈП сметаат дека на тој начин ќе се избегне злоупотребата при сторнирање.

Ваквата мерка за експертите е преригорозна. Ја поздравуваат борбата со злоупотреба на сторнирањето, но велат дека не треба во ист кош да се ставаат сите даночни обврзници. Експертите сметаат дека 15-минутното ограничување во пракса ќе биде комплицирано и ќе им создаде проблеми при работата особено на угостителските објекти.

Во првите два месеци годинава УЈП извршила 268 контроли и кај 80% од нив регистрирале неправилност.

Токму на инспекциските контроли се пожалија од бизнис секторот. Велат дека се инсистира да се најде неправилност што ќе се казни и често инспекторите непрофесионално се однесувале.