Економија 26. октомври 2018. / 13:30

УЈП со важно соопштение за граѓаните

УЈП со важно соопштение за граѓаните

Продолжен e рокот за поднесување ДДВ-04 пријава.

Информацијата ја соопштија надлежните од Управата за јавни приходи (УЈП). Оваа институција информираше дека поради отежнато поднесување даночни пријави преку системот е-Даноци на 24 и 25 октомври оваа година, рокот за поднесување ДДВ-04 пријавата се продолжува.

Со тоа поднесувањето на ДДВ-пријавата се продолжува за два работни дена поради што за краен рок ќе се смета 29 октомври.

УЈП ја својата веб страница, потсети дека граѓаните треба да се регистрираат во неколку чекори на системот e-pdd.ujp.gov.mk, со што ќе биде на увид Годишната даночна пријава.

Заклучно со 12.10.2018 година во апликацијата „Е-персонален данок“ се регистрирале 36. 824 граѓани.

Слаб интерес за регистрација во УЈП за персонален данок

На два и пол месеци до истекот на годинава што е одредено како краен рок, само околу 37 илјади граѓани се регистрирале во системот на Управата за јавни приходи за персонален данок. Од нив 22 илјади се одобрени, а за околу 15 илјади постапката е почната и се чека да дојдат во УЈП и да се легитимираат, за да се прифати нивното барање, пренесе ТВ Телма.

Ако се има предвид дека, според проценките, најмалку еден милион граѓани ќе треба да влезат во овој систем, дефинитивно станува збор за исклучително мал процент кои досега ја завршиле својата обврска.

Од Управата за јавни приходи не се прецизни колку точно граѓани очекуваат да се регистрираат во системот за е-персонален данок. Велат дека според последните податоци, за минатата година кај нив биле поднесени 450 илјади годишни даночни пријави, но оваа година очекуваат значително поголем број лица да се регистрираат во системот е-персонален данок. Затоа даночните власти ги повикуваат граѓаните да не чекаат пет до 12 за оваа обврска.

„Апелираме граѓаните навремено да ја исполнат својата обврска за регистрација на e-pdd.ujp.gov.mk, за да може од 1 јануари 2019 година секој граѓанин да има увид во пополнетата Годишна даночна пријава која ќе ја издава УЈП. Доколку граѓанинот не ја потврди или коригира пополнетата годишна даночна пријава најдоцна до 31 мај 2019, таа ќе се смета за потврдена“, велат од Управата за јавни приходи.