Управата за јавни приходи информира дека на најзината веб страна се поставени образците за поднесување барање за финансиска поддршка на платите (ОБРАЗЕЦ БФП-ИП/2 И БФС-СВД/2) за правните и физичките лица кои вршат самостојна дејност.
Овие образци се однесуваат на остварување на правата од Законот за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено –економската криза предизвикана од коронавирусот.
Како што информираат од УЈП, работодавачите за остварување на правото од исплата на платите за октомври , ноември и декември 2020 година, треба да поднесат електронски барање за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците – образец БФП-ИП/2 преку системот е-Даноци до Управата за јавни приходи за секој месец посебно на следниот линк.
Ова право можат да го користат и физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронакризата и тоа за платите за октомври, ноември и декември 2020 година. тие истот така поднесуваат Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства образец БФС-СВД/2 електронски преку системот Е-ПДД, за секој месец посебно, на следниот линк, информираат од УЈП
– Оттаму појаснуваат дека начинот на пополнување на Барањата за финансиска поддршка за исплата на плати (образец БФП-ИП-2 и БФС-СВД/2 ) е составен дел на барањата, односно е појаснет во Упатството за пополнување.