Економија 01. мај 2020. / 19:15

УЈП: Работодавачите да поднесат барање за финансиска поддршка за исплата на плати

УЈП: Работодавачите да поднесат барање за финансиска поддршка за исплата на плати

Управата за јавни приходи ги повикува работодавачите погодени од корона кризата, да поднесат барања за финансиска поддршка за исплата на плати за април и мај.

Врз основа на Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година , за остварување на правото работодавачот поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април и мај 2020 година  за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи.

Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Даноци, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето.

Начинот на пополнување на Барањето за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април и мај 2020 година (образец БФП-ИП)  http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/221 е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување.