Економија 19. јули 2019. / 14:57

УЈП повторно ја блокираше сметката на 1ТВ

УЈП повторно ја блокираше сметката на 1ТВ

Управата за јавни приходи ја блокирала сметката на 1ТВ, објави порталот „Фактор“.

Како што пишува порталот, станува збор за нов долг кој телевизијата го има кон УЈП.

Неформален сопственик на 1ТВ е Бојан Јовановски кој моментно е првоосомничен во случајот на Јавното обвинителство „Рекет“ и е во притворското одделение во Шутка. Инаку официјално сопственик на оваа телевизија е БМЈ медиа, фирмата која е на неговиот татко.

Управата за јавни приходи и кон крајот на јуни, односно минатиот месец еднаш ја блокираше сметката на телевизијата, за што имаше и официјална потврда. Но, откако информацијата ја објави Фактор, долгот беше платен па блокадата беше тргната. Тогаш Јовановски, познат како Боки 13 тврдеше дека во јавноста се шират шпекулации и тенденциозни написи.