Економија 08. август 2019. / 21:03

УЈП постапува по пријавите на граѓаните на отворената телефонска линија 198

УЈП постапува по пријавите на граѓаните на отворената телефонска линија 198

Во моменов се спроведуваат контроли во повеќе објекти на територијата на Скопје, Тетово, Гостивар, Велес и Дебар.

Граѓаните пријавиле неиздавање фискални сметки по што УЈП веднаш постапила, во тек е скенирање на прометот, превентивно.

Целта е УЈП превентивно да делува, а не како порано со казни.

Со мерката мој ДДВ покрај тоа што парите се враќаат кај граѓаните, се стимулира издавањето фискални сметки, самите граѓани се контролори, се намалува сивата економија а наплтата на ДДВ се зголемува.