Економија 11. февруари 2019. / 10:00

УЈП ја објави втората листа на должници за оваа година

УЈП ја објави втората листа на должници за оваа година

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави втората листа на должници за оваа година за долгови доспеани
до 31.10.2018 и неплатени до 31.01.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на
доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Физичките лица и самостојните вршители на дејност, што се најдоа на оваа листа, имаат долгови
повисоки од 120.000 денари, додека кај правните лица тој износ надминува 300.000 денари.
На Листата на должници бр.2/2019 објавени се 2.196 должници – правни лица (повеќе за 62 од
претходната листа) и 2.427 физички лица (повеќе за 31 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.2/2019 изнесува 9.958.252.401 денари, помалку за 163.761.186
денари од претходната листа. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 9.929.026.709 денари
(помалку за 43.237.747 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 29.225.692
денари (пoмалку за 120.523.439 денари од претходната листа).