Економија 04. јуни 2018. / 15:27

УЈП го објави возниот ред на мобилните шалтери

Управата за јавни приходи го објави возниот ред на мобилните даночни шалтери за јуни.

Со трите специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде управата нема постојани даночни канцеларии.

Преку овие шалтери граѓаните и фирмите можат да ги добијат сите даночни услуги и информации, да ги достават даночните пријави, барања и слично.

Распоредот видете го ТУКА.