Економија 11. јануари 2019. / 10:00

УЈП ги објави првите должници за оваа година

УЈП ги објави првите должници за оваа година

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави првата листа на должници за оваа година. На листата се најдоа
физички и правни лица чии долгови се доспеани до 30.09.2018 и неплатени до 31.12.2018 година по
основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално
осигурување, акцизи и царини.
Физичките лице и самостојните вршители на дејност имаат долгови што надминуваат 120.000 денари,
додека кај правните лица долгот е повисок од 300.000 денари.