Економија 02. ноември 2020. / 14:30

Угостителските објекти да работат до 21 часот, предлага Комисијата за заразни болести

Угостителските објекти да работат до 21 часот,  предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести ќе предложи до Владата кафулињата, кафеаните, рестораните и сите други угостителски објекти ќе работат до 21 часот наместо како досега до 23 часот, пренесува „360 степени“ повикувајќи се од владини извори.

Комисијата наводно овој предлог ќе го достави до Владата, и се очекува да биде усвоен на владина седница.