Економија 18. декември 2020. / 10:23

Угостителите ќе поднесат Иницијатива до Уставен против одлуката за ограничување на работното време

Угостителите ќе поднесат Иницијатива до Уставен против одлуката за ограничување на работното време

Независната угостителска комора (НУК) денеска ќе поднесе Иницијатива за оценување на уставноста и/или законитоста на измените и дооплнувањата на Одлуката  за ограничување на работата на угостителските објекти до 18 часот.

НУК по овој повод за 12:30 часот најавува прес-конференција пред Уставниот суд во Скопје.

-Почнуваме да ги користиме сите правни мерки и дејства кои ни се на располагање во интерес и заштита на угостителската индустрија. Владата на 15 декември донесе селективни и дискриминирачки измени и дополнувања на Одлуката. Со оглед дека до моментот на закажување на оваа прес-конференција ниту премиерот, ниту некој друг член на Владата не излегоа во пресрет на нашето барање за итна јавна средба отворена за јавноста и учество на медиумите, очигледно Владата си поигрува и ја потценува моќта и општествената улога и влијание на угостителите и угостителските работници кои секојдневно опслужуваат повеќе од половина милион гости во угостителските објекти ширум земјава, наведува претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.