Се повеќе е очигледно дека Владата започна со креирање и наскоро ќе донесе нов петти сет економски мерки на финансиска помош и подршка за индустриите кои најмногу настрадаа минатата година како последица од пандемијата Ковид-19, велат од Независната угостителска комора.
Оттаму велат дека не добиле покана за активно учество во креирање на мерките, а со цел Владата, медиумите и јавноста навреме да ги запознаат со проблемите и очекувањата на угостителите до Владата денеска со е-пошта ги доставиле петте основни барања за угостителската индустрија со предлози за дополнителни мерки кои очекуваат да бидат опфатени во креирањето на новиот сет мерки.
Не постои во светот индустрија која може да издржи и опстане со месеци соочена со континуирани бројни рестриктивни мерки и протоколи со ограничувања во своето работење на 30 и 50 проценти од своите капацитети. Невозможно е со месеци да премостувате, одлагате и да го издржите притисокот за навремено исполнување на сите редовни 100% обврски, додека прометот и приходите се толку смалени што тековното работењето на угостителските објекти наместо планирани добивки генерираат енормни трошоци и загуби, велат од НУК.
Како што велат, Државата и Владата мора да ја превземат целосната обврска и одговорност за опстанокот на угостителската индустрија до завршувањето на пандемијата Ковид-19 и безрезервно да креираат посебни економски мерки за финансиска поддршка и неповратна помош.
Ќе биде невкусно ако Владата не ни дозволи активно да учествуваме и допринесеме во креирањето на новиот сет мерки и ги усвои без активно учество на претставници на угостителите од независната угостителска комора односно изворно не ги слушне и не се запознае со реалните потреби и проблеми на угостителската индустрија. Доколку се направат правилни економски мерки за помош и поддршка, реална политика во репрограмирање на долговите со достапност до долгорочни кредити и друга поддршка на работењето за сите угостителски објекти, сигурни сме дека угостители во наредниот период-години во целост не само што ќе ги надокнадат загубите и штетите, туку ќе остварат доволно приходи со кои ќе можат да ги подмират сите обврски и трошоци настанати од тековното работење и навреме да ги сервисираат превземени обврки по основ на репрограмирање на долгови, сметаат угостотелите.
Со правилно креирање на петтиот сет економски мерки кои на угостителската индустрија ќе и се гарантира опстанокот угостителите, велат од НУК, ќе можат да се обврзат трајно да го сочуваат секое работно место на угостителските работници.
Целосната листа на очекувањата за дискусија со Владата во креирање на петтиот сет мерки се дадени во продолжение:
ПЕТТЕ ОЧЕКУВАЊА И БАРАЊА ЗА НОВИОТ ПЕТТИ СЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ СО ДВОЈНА ПЕТТКА ЗА ВЛАДАТА
1. во помошта – безусловна субвенција за сите вработени во угостителската индустрија во висина на бруто плати додека се во важност ограничувањата со рестриктивните мерки односно протоколите за работа на угостителски објекти или до званично завршување на пандемијата Ковид-19
2. Директна неповратна финансиска помош – грант за сите угостители по принципот на доделена ваква помош за ноќните клубови и категоризираните ресторани
3. Безусловна достапност на угостителската дејност до долгорочни и бескаматни државни кредити за одржување на тековна ликвидност и унапредување на угостителството или побрза достапност на најавениот гарантен фонд или гарантна шема со која угостителите ќе можат да добијат државни гаранции врз основ на кои ќе можат во банките да се задолжат со долгорочни поволни комерцијални кредити со грејс периоди за надминување на проблемите со ликвидноста
4. Изедначување на ДДВ за угостителски услуги согласно ветувањата на 10% на сите угостителски услуги во сите видови на угостителски објекти
5. Одлагање и репрограмирање на извршни постапки врз угостителите и угостителската индустрија односно трансформација на секое извршно решение во решенија за исплата на рати со греј период или наплата по завршување на пандемијата Ковид-19
Тие предлагаат и дополнителни мерки неопходни за опстанок на угостителската индустрија.
Финасиска помош и поддршка за трошоци за закуп-користење на деловен простор – угостителски објект и тоа:
– целосно или парцијално ослободување на закупот на корисници кои се закупци на деловен простор во државна или локална сопственост за периодот Март 2020 – Март 2021 година
– целосна или парцијална финансиска помош во висина на договор за закуп – платена закупнина но не повеќе од 15 евра/м2 во зависност од локацијата односно од 5-15 евра/м2 за периодот Март 2020 – Март 2021 година
– ослободување и намалување на закупот на корисници кои се закупци на деловен простор во државна или локална сопственост (Школи, Градински, Општини и слично) за периодот додека траат посебните протоколи за работа односно не работеле институциите каде се наоѓа овој деловен простор
– Законска регулатива со локалната самоуправа за регулирање на трошоците на поставување на урбана опрема во периодот на пандемија и тоа:
– целосна финансиска субвенција и помош или целосно ослободување на надоместот за поставување на урбана опрема – тераси за периодот Март 2020 – Март 2021 година како и
– целосно ослободување на плаќање на надомест на трошоци за поставување на урбана опрема до укинувањето на протоколите за работа на угостителски објекти и
– ослбодување на 50% на трошоците за надомест на поставување на урбана опрема за првата година по завршување на пандемијата Ковид-19
– Одлагање на принудна наплата на долговите створени во услови на пандемија Ковид-19 према државните институции со нивно репрограмирање и тоа на период од 6 месеци грејс период и минимум 2 години исплата
– Во соработка со сите угостителски комори креирање на единствен регистар на угостителски објекти со нивна целосна класификација и категоризација врз основ на која регистрација ќе се врши распределба на финансиска поддршка и финансиска неповратна помош за угостителите
Угостителите ичекуваат Влатата да излезе во пресрет на нивните барања и очекувања и како што велат, овој пат ќе заработи двојна петтка и конечно ќе имаат правилно креиран сет мерки со кои навистина реално ќе се помогне на најзагрозените угостители кои трпат енормни штети и загуби како последица на пандемијата Ковид-19.