Ниту една средба со владините претставници и тутунарите не вроди со плод. Состојбата на откупните пунктови е иста, тутунот се откупува по катастрофално ниски цени, а тутунарите се гневни.
Тие денеска се пожалија дека нема никаква реализација за нивните барања
Ништо од нашите барања, ако минатата година во истиот овој период беа откупени 18 000 милиони килограми, по откупна цена од 220 денари за килограм, сега се откупени 4, 5 милиони килограми, по просечна цена од 167 денари за килограм, или за 60 денари пониска цена, изјавија тутунарите за Сител ТВ.
На откупувачите му даваат рок од два дена, а првиот работен ден по Нова Година ќе ги повлечат поверениците и нема да се откупува тутун. Ќе го чекаат исходот од средбата со премиерот Зоран Заев, по што ќе одлучат за следните чекори
И покрај сите обиди , ниедни преговори не вродија со плод, добивме разни ветувања, сите средби пак нема ништо на терен, тутунарите се гневни ..првиот работен ден ќе се повлечат поверениците и нема да има откуп, изјавија тутунарите од Прилеп за Сител ТВ.