Поранешниот министер за земјоделие Љупчо Димовски го изнесе својот став околу случувањата со тутунарите. Според него, тутурнарите се измамени, а тутунот останува за следната година.
– Врз основа на увидот во потпишаниот документ, ткн. Соопштение, се заклучува дека, за жал, тутунарите повторно се измамени!
Тутунарите се согласиле непречено да се одвива линијата на откуп⁉️
Зошто?
Која е гаранцијата дека откупот ќе се врши во согласност со нивните барања?
Откупувачите се согласни за воспоставување флексибилност, но ќе ценат според квалитет⁉️ Значи според мострите кои се престроги!
Затоа најголемиот дел од откупениот тутун оди во 3 и 4 класа‼, пишува Димовски на Фејсбук.
Во продолжение може да го видите целосните Фејсбук статус.
Врз основа на увидот во потпишаниот документ, ткн. Соопштение, се заклучува дека, за жал, тутунарите повторно се…
Posted by Ljupco Dimovski on Friday, 18 December 2020