Економија 01. август 2019. / 11:04

Трошокот за топлинска енергија за потрошувачите на БЕГ се намалува

Трошокот за топлинска енергија за потрошувачите на БЕГ се намалува

Вкупниот трошок за топлинска енергија за потрошувачите на БЕГ се намалува за шест отсто, за потрошувачи на ЕЛЕМ Енергетика во Општина Гази Баба за 13,5 отсто, а во Скопје Север за 12 отсто.

Од денеска, 1 август вкупниот трошок за топлинска енергија за потрошувачите на БЕГ кој воедно е и најголемиот снабдувач на топлинска енергија, се намалува за шест отсто. Тоа значи дека сметката за парно на БЕГ, ќе се намали од 150 до 220 денари во зависност од висината на сметката.