Сопственикот на ,,Еуростандард Банка“, Трифун Костовски, во текст за порталот Инбокс7, се осврнува на последните случувања и пропаста на неговата банка.
,,Би сакал да споделам едно чувство – разумот во оваа земја одамна е погребан. Тоа не ја исклучува и Народната банка на Република Македонија, која би требало да е една од највисоките институции кои гарантираат економска стабилност. Наместо тоа, доминираат бирократското его и суетата, вели Костовски.
Тој додава дек за Народна банка важи правилото homo homini lupus est, што по нашински или мое гледање би требало да значи, ме исцедија како лимон и ме фрлија на буниште“.
Без наводи на зборот тајкуни, Костовски им порача ,,спокоен живот“ и гледање сеир.
,,Ниту еден од големите тајкуни во Република Македонија не подигнаа слушалка да прашаат како сум“ – пишува Костовски.