Економија 27. август 2020. / 15:15

Трифун Костовски бара истрага за стечајот на „Еуростандард банка“

Трифун Костовски бара истрага за стечајот на „Еуростандард банка“

Сопственикот на пропадната Еуростандард банка Трифун Костовски ги повика претседателот на Собранието Талат Џафери, Обвинителството за организиран криминал, Антикорупциска комисија и МВР да покренат истрага за затворањето на „Еуростандард банка“.

Јас, Трифун Костовски ги повикувам горе наведените институции да се вклучат во истрагата околу случајот за стечајот на Еуростандард банка, кој изобилува со недоследности од страна на надлежните институции и многу нејасностии за носењето на оваа одлука. Ги молам институциите да почнат да дејствуваат по принципот на допрен глас, вели Костовски.