Економија 30. март 2020. / 13:58

Транспортерите бележат загуби, колкави ќе знаат по завршувањето на вонредната состојба

Транспортерите бележат загуби, колкави ќе знаат по завршувањето на вонредната состојба

Според Филип Манојловски од Услужната комора на Македонија, засега транспортерите работат со преполовен капацитет. Загуби секојдневно бележат, но колкави ќе бидат тие ќе се знае по завршувањето на вонредната состојба.

– Проблемите со застојот на граничните премини и вадењето специјални дозволи за да не се оди 14 дена во карантин, полека се елиминира, велат од Услужната комора на Македонија.

Оттаму додаваат дека фокусот на увозот и извозот засега е ставен на неопходните продукти – прехраната и индустријата.

Според Манојловски, ако запрат со работа возачите на товарни возила кои сега се најизложени на ризик и се одговорни исто како докторите, полицијата, војската и медиумите, рафтовите во маркетите би останале празни, економијата би ризикувала застој, а фабриките би имале проблеми со дистрибуција на производите.

Во овој контекст напомена дека Царинската управа и царинските службеници мора да работат со полн капацитет, а Владата итно да ги донесе неопходните економски мерки, како продолжување на рокот за регистрација, како и посебни пунктови за тестирање од корона-вирус, бидејќи како што велат закажувањето преку матичен лекар им ја усложнува работата.