Економија 05. февруари 2020. / 14:35

Транспорт: Штрајкот e незаконски, просечната плата е 47.665,00 денари

Транспорт: Штрајкот e незаконски, просечната плата е 47.665,00 денари

ЖРСМ Транспорт АД-Скопје ја известува јавноста дека на ден 04.02.2019 година поради незаконскиот штрајк од страна на Машиновозачите предводени од Претседателот на Синдикалната организација НСМПМ – Машиновозачот Душко Чакаровски, на кои за месец Декември 2019 година има исплатено просечна плата со додатоци во износ од 47.665,00 денари.

ЖРСМ Транспорт АД-Скопје ја известува јавноста дека редовно се исплаќаат платите и надоместоците на вработените.

Железницата како крвоток и битен сегмент во извршувањето на превозот на патниците и стоките во Републиката и надвор од неа е доведен во целосен прекин на железничкиот сообраќакај со што се нанесуваат огромни материјални и нематеријални штети на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, ЈП за железничка инфраструктура на РСМ и на целокупното стопанство на РСМ, велат од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје

На крајот напоменуваме дека незаконитиот прекин на работа, односно штрајк, не е организиран согласно ЗРО и Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје и истиот не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на Машиновозачите кои имаат месечни парични примања во износ за месец Октомври 2019 година во износ 44.955,00 денари, месец Ноември 2019 година во износ 44.070,00 денари и за месец Декември 2019 година во износ 47.665,00 денари.

Во тој контекс Ве известуваме дека платата на Машиновозачите континуирано се зголемува и тоа од 2007 година, па се до денес и тоа со користење на метод на присила, т.е. незаконски прекин на Железничкиот сообраќај во кои тие се главни носители. Во таа насока Ви посочуваме дека платите на другите вработени се драстично помали и тие воопшто не го следат претходниот тренд на зголемување на платите на Машиновозачите, соопштуваат од претпријатието.