Економија 18. јуни 2019. / 14:45

Тевдовски: Даночните приходи се зголемени во 2019 година

Тевдовски: Даночните приходи се зголемени во 2019 година

Министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека буџетот е ликвиден и сите плаќања се извршуваат навремено, додека приходите во истиот во првите пет месеци од 2019 година се зголемени за 6,6 проценти.

– Нашиот буџет е ликвиден. Ние успеавме да ја стабилизираме целосно финансиската состојба. Значи исплаќаме се навремено, многу подобро од претходниот период. Не треба никој да стравува, сите плати и пензии и се друго што е издаток од буџетот во најбрзо време се исплаќа. Не би сакал да коментирам весели математики од опозицијата, бидејќи само во првите пет месеци од годинава растот на вкупните буџетски приходи е 6,6 проценти поголем во однос на истиот период минатата година. – рече Тевдовски на новинарско прашање за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека УЈП собрала за осум отсто помалку средства од даноците до мај се собрани 25 милиони евра помалку средства.

Тевдовски заедно со гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска – Бежоска, денеска одржаа средба со новинари по повод претстојниот состанок на Конституенцата на СБ и ММФ што викендов ќе се одржи во Скопје.