Економија 17. декември 2020. / 17:41

Тетовчанка од туѓ телефон преку апликација си префрлила пари на своја сметка

Тетовчанка од туѓ телефон преку апликација си префрлила пари на своја сметка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 39-годишната Е.С. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Во текот на октомври и ноември, пријавената во повеќе наврати од мобилиниот телефон на оштетениот Џ.Н., со помош на мобилна апликација, префрлила 518.000 денари на нејзината трансакциска сметка, со што се стекнала со противправна имотна корист.