Економија 26. јули 2019. / 18:56

„ТАБ МАК“ најави нова инвестиција вредна 25 милиони евра

„ТАБ МАК“ најави нова инвестиција вредна 25 милиони евра

Втора инвестиција вредна 25 милиони евра и 80 нови вработувања, најавува словенечката компанија за производство на акумулатори „ТАБ МАК“.

Со работа наскоро ќе почне и производствениот капацитет на фабриката „Кранфилд Фаундри“, најавија денеска премиерот Зоран Заев.

– Бројот на вработени од Пробиштип и околните населени места во „ТАБ МАК сега е 440, а со дополнителната инвестиција од преку 20 милини евра за реконструкција и проширување на капацитетите според најмодерни стандарди, до крајот на 2022 година ќе бидат отворени дополнителни 90 работни места. – рече Заев по посетата на „ТАБ МАК“.

По завршување на инвестицијата, „ТАБ МАК“ следната година ќе произведува три милиони акумулатори, а за оваа година е планирано да бидат произведени 1.700.000 парчиња.