„Супертрејд” годинава драстично ја зголеми работата со државни тендери. Колку е енорма промената на позицијата на „Супертрејд” се гледа од јавно достапниот податок дека годинава добил четири од своите пет најголеми тендери што ги добил од 1 јануари 2008 година до 30 октомври годинава.
Три од добиените тендери се од „Македонија пат”. Скопската компанија „Супертрејд” од почеток на годинава па до 30 октомври добила тендери за снабдување на буџетски корисници и државни органи и компании во вкупна вредност од 5,3 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од истражувањето на „Фактор”
Од најголемите 10 тендери по период од безмалку 11 години (јавни набавки со најголема вредност од 1 јануари 2008 година до 30 октомври 2018 година) дури 5 највредни тендери „Супертрејд” ги добива оваа година. Дури 4 од 5 најголеми тендери што ги добил „Супертрејд” во период од речиси 11 години се четирите тендери кои ги добил оваа календарска година.
Целото истражување можете да го прочитате на фактор.мк