Економија 17. јули 2020. / 15:41

Сугарески: За локални патишта и улици во Прилеп и околните општини се инвестираат преку три милиони евра

Сугарески: За локални патишта и улици во Прилеп и околните општини се инвестираат преку три милиони евра

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески истакнува дека во Прилеп и Прилепскиот регион во моментов, се инвестираат преку 80 милиони евра за изградба, рехабилитација и реконструкција на патишта. За санација на улици и унапредување на локалната патна мрежа во Прилеп, Долнени, Кривогаштани и Крушево, Министерството за транспорт и врски обезбедило преку 3 милиони евра.

Проектот за рехабилитација на патниот правец Лагово-Штавица-Витолиште е во вредност од 650 илјади евра.

Иинвестициите во Прилепскиот регион се реализираат како никогаш досега. Денеска заедно со градоначалникот сме повторно во Мариовскиот крај, каде извршивме увид во градежните работи на патниот правец Лагово-Штавица-Витолиште. На почетокот на овој месец започнавме со асфалтирање на патот, градежните работи за рехабилитација на 9 километри пат се во тек и се одвиваат со силно темпо. Проектот е од големо значење за жителите на овој крај и со него имаме за цел не само да ги подобриме условите за живот на локалното население, туку и да го заживееме Мариово и да создадеме можности за развој на туризмот, унапредување на земјоделството и економски раст. Како што ме информираа од ЈП за Државни патишта, до крај на овој или во текот на следниот месец ќе се распише и тендерот за рехабилитација на патниот правец Фариш – Прилеп. Морам да напоменам дека не ја забораваме ни локалната патна мрежа и во меѓувреме работиме на реконструкција и санација на локалните патишта и улици во општините во овој регион, за што инвестираме преку 3 милиони евра – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Тој додаде дека во меѓувреме активно се работи на преку 30 проекти во комуналната инфраструктура и привршува изградбата на магистралниот гасовод Неготино-Прилеп-Битола, за што со општините се работи на изградба на секундарна гасоводна мрежа.

На крај, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески истакна дека во тек се подготовки за изградба на нова социјална зграда во Прилеп, со што ќе се овозможи пристоен дом за голем број на социјално ранливи семејства.