Економија 11. септември 2018. / 14:30

Сугарески: Преку 100 милиони евра за општините за проекти од водоводната и канализационата инфраструктура

Сугарески: Преку 100 милиони евра за општините за проекти од водоводната и канализационата инфраструктура

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески за време на денешната посета на општината Дојран, порача дека преку Владата на општитние ќе им се обезбедат преку 100 милиони евра, што ќе бидат наменети за проекти од водоводната и канализационата инфраструктура.

На средбата со градоначалникот на Дојран, Анго Ангов и со граѓаните, се разговараше за инфраструктурните проекти што се реализираат во општината, а кои се од големо значење за целокупниот развој на Дојран.

“Овие пари ќе можат да се искористат за изградба на канализации и водоводи и затоа апелот е до општините да подготват ревидирани проекти и да ги достават до Владата. Секоја општина да си утврди приоритетни проекти, а ние ќе им помогнеме за нивна реализација. Ова е еден од начинот да ги подобриме условите на живот на граѓаните”, изјави министерот Сугарески.

Тој најави дека Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски ќе инвестира 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локалните патишта во општините.

На средбата со градоначалникот се разговараше и за реализација на проекти кои ќе го унапредат туризмот во општината, како и за подобрување на условите за привлекување на нови домашни и странски инвеститори.