Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој заедно со градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, изврши увид во изградбата на водоводен систем за Раштани и Бузалково, изјави дека конечно го решаваат деценискиот проблем со водоснабдувањето со кој се соочуваа преку 1.500 жители на населените места Раштани и Бузалково.
Сугарески посочи дека за таа намена се инвестираат половина милион евра.
Проектот предвидува изградба на водоводна мрежа и две препумпни станици и поврзување на селата Раштани и Бузалково на постоечкиот водоснабдителен систем на градот Велес.
Министерот Сугарески истакна дека проектот е од огромно значење за жителите на овие места, особено ако се земе во предвид фактот дека во Бузалково никогаш досега немало вододовод, додека водоснабдувањето во Раштани било делумно решено, но квалитетот на водата не бил на посакувано ниво.