Економија 19. ноември 2018. / 14:23

Стопанска комора: Недостасуваат пекари, бравари и метални работници

Стопанска комора: Недостасуваат пекари, бравари и метални работници

Најголем недостаток на квалификуван кадар во моментов има градежниот сектор. Анализата на Стопанската комора покажала дека помеѓу најдефицитарните професии се и пекарите, браварите и металостругачите.

За побрзо да се задоволат потребите на компаниите, ова бизнис здружение работи на проекти кои опфаќаат неформално образование. Проектите се финасирани од сопствени средства на комората, но пари се обезбедени и од надворешни донатори.

-Формалното образование не може да понуди голем обем на решенија. Затоа сакаме преку овие експериментални модели да докажеме позитивни практики дека може да се придонесе за. Изготвуваме најдобри практики и ги предлагаме до државата како би се променило нешто во некој сектор, рече Борис Тримчев од Стопанската комора.