Носителот на листата во изборната единица 6 од редовите на коалицијата „Обнова на Македонија, Дафина Стојаноска, изјави дека владата на СДСМ не направила практично ништо во економијата и ги довела странските инвеститори да ја избегнуваат Македонија.
Наместо странски инвестиции, СДСМ ја донесе Република Македонија на последното место по растот на БДП во Европа. СДСМ единствена гранка на која посвети внимание е рекетот кој владее, со што придонесе за скептицизам кај странските инвеститори да вложуваат во нашата држава – изјави Стојановска.
Таа порача дека ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма нуди проект за рамен данок од 8% и 0% оданочување на реинвестираната добивка, намалување на основицата за пресметка и уплата на придонеси за задолжително социјално осигурување, 0% оданочување за младите вработени до 29 години, капитални инвестиции до 4% од БДП и намалување на невработеноста во државата под 10%.
Со овие мерки и проекти од ВМРО-ДПМНЕ државата ќе се врати на патеката на успешните бизнис земји во светот. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на реализација на овие проекти, се со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните и стабилизирање на македонската економија – истакна Стојановска.