Економија 05. јуни 2018. / 14:14

Стапката на ДДВ за становите ќе биде пет отсто до 2023 година

Стапката на ДДВ за становите ќе биде пет отсто до 2023 година

Стапката на ДДВ за станови останува повластена пет отсто во следните пет години, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски. Според него, направени се законски измени кои ќе излезат во пресрет на барањата на граѓаните.

„За да се излезе во пресрет на граѓаните, Министерството направи измени и во Законот за ДДВ со кој се продолжува повластената стапка на ДДВ од пет отсто заклучно до 2023 година“, рече Тевдовски.