Економија 11. февруари 2021. / 11:13

ССМ стравува: Mожни се злоупотреби на петтиот пакет економски мерки

ССМ стравува: Mожни се злоупотреби на петтиот пакет економски мерки

Сојузот на синдикати на Македонија изрази стравување дека опцијата од петтиот пакет економски мерки за помош на работодавачите за исплата на плати преку поволни кредити би можела да биде злоупотребена. Како што вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, првиот човек на ССМ, Дарко Димовски, несовесни работодавачи би можело тие средства да ги употребат за друга намена.

-Никаде не пишува дека тие кредити се за субвенционирање на плати. Нас како синдикати треба да нѐ плаши, бидејќи несовесните работодавачи на кои убаво им се кажува дека тие пари се наменски, за субвенционирање на плати за нивните работници – не ни ги дадоа, а не па за субвенционирање со некој кредит со кој тој работодавач ако има дупки, ќе бара да си плати данок, да си покрие не знам што…, вели Димовски.