Економија 11. ноември 2020. / 17:51

Собранието во петок ќе расправа за причините за пропаѓањето на Еуростандард банка

Собранието во петок ќе расправа за причините за пропаѓањето на Еуростандард банка

Собранието на Република Македонија овој петок ќе одржи надзорна расправа за утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка.

Во соопштението до медиумите се вели дека Комисијата за финансирање и буџет, на 5. Седница, на 13 ноември 2020 година (петок), во 13:00 часот, во Сала„ Борис Трајковски“, ќе одржи надзорна расправа на тема: „Утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка АД Скопје“.

На надзорната расправа се поканети да присуствуваат и претседателот на Собранието, координаторите на Пратеничките групи во Собранието, пратениците кои не се организирани во пратенички групи и други учесници и гости.

Комисијата за финансирање и буџет ќе покани сведоци од различни државни органи и институции да учествуваат на расправата и да дадат искази и одговори за прашањето што е предмет на надзорната расправа.