Министерството за локална самоуправа започнува со реализација на 43 проекти во осумте плански региони во државава. Проектите со вкупна вредност од 4,7 милиони евра ќе се спроведуваат со средства од буџетската програма за рамномерен регионален развој.
со проектите предвидено е да се решаваат локалните проблеми на општините.
Од 43-те проекти наменети за развој на општините, 38 се инфраструктурни, додека пет се проекти за подготовка на техничка документација.
Од владата соопштија дека во насока на рамномерниот развој на регионите обезбедени се и 50 милиони евра за враќање на долговите на општините.