Економија 07. јули 2020. / 14:34

Со 33.487 денари четиричлено семејство можело да ги покрие миналните животни трошоци во јуни

Со 33.487 денари четиричлено семејство можело да ги покрие миналните животни трошоци во јуни

На едно четиричлено семејство во јуни му биле потребни 33.487 денари за да ги покрие основните животни трошоци.

Според податоците што ги објави Сојузот на синдикати за синдикалната минимална кошница покажуваат дека 42,90 проценти од синдикалната кошница отпаѓаат на храна и пијалоци, а 31,12 проценти на трошоците за домување. Тоа значи дека за храна и пијалоци во јуни биле потребни минимум 14.366 денари, а за подмирување на трошоците за домаќинство 10.422 денари.

Минималните трошоци за превоз биле 2.447 денари, а за хигиена 2.330 денари. За облека и обувки биле потребни минимум 2.144, а за културни активности остануваат 1.066 денари.

Во споредба со податоците за минималната синдикална кошница од април, во јуни биле потребни повеќе пари за храна и пијалоци.