Видео од вработена во министерството за финансии стана хит на социјалните мрежи. На видеото се гледа како во канцеларија ги покажува своите танцувачки способности преку видео на социјалната патформа Тик Ток.
Видеото направи вистински бум на социјалните мрежи, најмногу поради фактот што е снимено токму во просториите на министерството.
Ако може Нина да тера купони за Групер тогаш може Афија да игра чочек за Тикток во Министерство за финансии. pic.twitter.com/czmhkCBYlh
— Петковска Пара (@PravednaTavita) June 2, 2020
Вработената преку Фејсбук статус експресно се извини за видеата и правдаше дека тие се снимени минатата недела по завршување на нејзините работни обврски.
Јавно се извинувам доколку ја ставив во несоодветна положба институцијата во која работам, а која е меѓу најпрофесионалните институции, исто така сакам да се извинам на јавноста што здоби слика дека јас како службеник во работно време се занимавам со приватни работи – напиша службеничката на Фејсбук.
Од финансии велат дека се разочарани од ваквото однесување на вработената, со неа е направен разговор и ќе бидат преземени мерки.
Навистина сме разочарани што ова фрла сенка на колегите од кризниот штаб кои деноноќно посветено и пожртвувано работеа за надминување на кризата – велат од финансии.