Економија 06. април 2019. / 12:26

Славевски: Пензионерите ќе бидат покуси за минимум 300 до 700 денари

Славевски: Пензионерите ќе бидат покуси за минимум 300 до 700 денари

Со пензиската реформа на Владата, пензионерите во просек ќе бидат покуси за минимум 300 до 700 денари во 2019 година, изјави на прес-конференција, Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека деновиве со исплатата на мартовската пензија, пензионерите се увериле дека ќе има минимално, речиси никакво усогласување односно зголемување на пензиите и не се остварува најавата за зголемување на пензиите.

Да потсетиме дека на 28-ми декември, минатата година Владата по скратена постапка го измени Законот за пензиско инвалидско осигурување, со што го укина усогласувањето кое што со години важеше и со порастот на платите во Република Македонија. Да потсетам старото решение кое што долго време функционираше беше дека пензиите еднаш на 6 месеци се усогласуваат со 50 проценти од стапката на пораст на трошоците на живот и 50 проценти од стапката на пораст на платите во Република Македонија. Пензиите во изминатиот период растеа затоа што растеа и платите во Република Македонија. Што се случува сега? Односно што значи сето ова? Имено да потсетиме дека речиси во сите земји на светот пензиите се усогласуваат по правило, по двете основи кои што кај нас важеа до 1-ви јануари оваа година. Имено со усогласувањето на пензиите со зголемување на цените треба да се задржи куповната моќ на пензиите, рече Славевски.