Прогресивното оданочување како што од СДСМ сами тврдат направи големи проблеми во бизнисот кај голем број на поединци и компании и со враќање на рамниот данок ние сме им благодарни на СДСМ бидејќи ја потврди оправданоста од постоење на и натаму рамниот данок во Македонија, истакна поранешниот министер за финансии Трајко Славески во емисијата „Топ-тема“ на телевизија Телма
Ние не само тоа, туку во првиот месец дека ќе го промениме законот со дополнително намалување на стапката за оданочување на личниот доход, пресоналниот доход и данокот на добивка од 10 на 9 проценти, рече Славески.
Тој додава дека СДСМ во минатото прогресивното оданочување и низа други мерки неправедно на јавноста и беа презентирани со погрешни податоци.
Се тврдеше дека рамниот данок ја зголемила сиромаштијата, што не е точно, се тврдеше дека се зголемила нерамномерната дистрибуција на доход и дека средната класа исчезнала, смета Славески.