Во гостување на „Утрински брифинг“, во врска со економскта криза предизвикана од корона вирусот и мерките што треба да се превземат, Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ апелира Владата да донесе големи, мерки кои би го намалиле галопирачкото опаѓање на економијата, односно мерки кои благо би влијаеле на падот на економијата.
Славески предупреди дека периодот што претстои ќе биде тежок за стопанствениците и индустриските капацитети, но со одредена помош од Владата и применувањето на мерките истите би требало да застанат на нозе.
Факт е дека економскиот пад ќе се почувствува во сите сфери и дека секаде ќе има дефицит од средства, но исто така факт е дека мора да се обезбедат средства за непречено и целосно функционирање на оние кои се први на удар на коронавирусот. Здравствените работници пред се мора да поседуваат заштитна опрема и се што е потребно и тука не смее да има никакви кратења ниту пак дилеми. Истото важи за полициските службеници, како и армиските кои од вчера вечер се поставени насекаде низ државата, со цел обезбедување на јавен ред и мир и спречување на движење во периодот наречен ‘полициски час’ – вели Славески.
Тој истакнува дека здравствените работници и сите оние кои се во првите редови кога државата се справува и бори со корона вирусот мора да бидат наградени за нивниот труд и жртва. Според него, државата мора да изнајде начин тие луѓе да бидат стимулирани со бонуси и се што заслужува нивната посветеност во овие времиња.
Државата не смее да дозволи да запре ниту една од индустриските капацитети, мора да им се помогне на стопанствениците и да се вложат средства секаде каде што е потребно, но не смеат во ниеден случај да се заборават луѓето кои се жртвуваат за сите нас и секојдневно се борат за здравјето на граѓаните на Република Македонија – смета Славески.